Советот за надворешни работи на Европската унија денеска во Брисел ќе одржи седница на која ќе претседава високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Најавено е дека ќе бидат разменети мислења за глобалните импликации на руската агресија врз Украина, со фокус врз безбедноста на храната. За време на неформалниот работен ручек, министрите за развој на ЕУ ќе разменат мислења и со Високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди.