Познатиот австриски синџир сервиси за автомобили „Среќен автомобил“ (Lucky Car), на мајсторот Остоја Матиќ, влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Имено, младите кои се на пракса таму, отсега се и официјално најбрзи во светот во менување на сите четири гуми на патнички автомобил. Се работи за Стефан Кузмиќ, Џафар Расул, Мерт Батмаз, Абдула Абдула, Димитриј Лафазанис и Адријан Мандиќ, коишто ги сменија сите четири гуми за точно 49,03 секунди.
Тимот на „Среќен автомобил“ со тоа го урна претходниот светски рекорд од 58,43 секунди. (МИА)