По нападот во Цетиње, ранетата 38-годишна Марија Мартиновиќ со синот во раце стигнала до соседната куќа, пишува „Вијести“.

Дури тогаш соседите, а потоа и полицијата дознале дека во куќата на Мартиновиќ се случило злосторство.

Полицијата оценува дека Ацо Мартиновиќ во две куќи на негови роднини прво го убил сопругот на Марија, Марко, а пред тоа и неговиот брат Милош во ресторан.

Потоа отишол во куќата на нивните родители и ги убил сопружниците Радован (70) и Радмила Мартиновиќ (63) и нивниот гостин Јоша Оташевиќ (55).

Ова на прес-конференција го потврди и шефот на полициската управа Лазар Шќепановиќ, пишува медиумот.

„Во населбата Хумци, Мартиновиќ дошол со возило и се паркирал пред куќата на жртвите, по што прво го убил Ј.О., роден 1970 година, кој бил во куќата на М.М., роден 1986 година, а кој исто така е убиен во таа куќа“, рече тој и продолжи:

„Во оваа прилика е ранета М.М., родена 1987 година (сопругата на убиениот М.М.), која иако е ранета, со детето во раце успеала да побегне од својата куќа до куќата на првите соседи, а потоа и убиецот отишол во родителската куќа на веќе убиениот М.М и ги лишил неговите родители Р.М., роден 1955 година и Р.М., роден 1962 година“, рече Шќепановиќ на прес-конференција.

Текстот Со синот во рацете стигнала до соседната куќа: побегнала од масовниот убиец во Црна Гора е превземен од МАКФАКС.