Компанијата „Кулер мастер“ (Cooler Мaster) од Тајван неодамна го претстави „Сникер екс“ (Sneaker X) – компјутер во облик на патикa во спортски дизајн што всушност е склад за игри со високи перформанси.

Иновативниот концепт на куќиштето првично беше прикажан во 2020 година. Компјутерот се одликува со компактен облик, наликува на обувка од светски познатите брендови, иако не е обувка, а содржи хардвер за видеоигри и е направено од пластика и метал.

„Сникер екс“ е достапен во различни конфигурации, односно избор на матични плочи „ITX Z790/B760“ за „Интел“ или „ITX X670/B650“ за „АМД“. Има две опции за меморија – со 32 или 64 гигабајти. Графичкиот процесор е „Нвидиа“.

Ова мало пакување јасно покажува дека врвните перформанси можат „да се спакуваат“ и во прилично помала форма.

Влезовите се наоѓаат на задната страна зад стилско капаче што лесно се отстранува. За поврзување со странични уреди може да послужат тн. УСБ-хабови или продолжени кабли. Цената на компјутерот „Сникер екс“ се движи од 3.499 до 4.499 евра.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.