Снег падна во поголеми делови од Австрија. Силниот студен фронт донесе не само дожд и бурни ветрови, туку и многу снег, дури и во пониските предели. Се очекуваат значителни количества свеж снег, особено на Алпите.
Австрија утрото го пречека под студен фронт кој не само што донесе дожд и снег, туку предизвика и бура, пренесува магазинот Феникс.
Во Форарлберг, Северен Тирол и јужна Корушка има до 50 сантиметри снег. Помали количества снег во петок навечер може да падне и во Виена, Долна Австрија и Градишче.
Екстремни температури се очекуваат во високите алпски области, особено во Бруненкогел во Тирол (3.400 метри надморска височина).
Според австриските медиуми, температурите се спуштаат и до -19 степени. Сепак, со брзина на ветер од 80 km/h и -10 степени се чувствуваат како -24 степени. При -18 степени и 40 км/ч се чувствува како -32 степени.
Текстот Снежен фронт над Австрија: Половина метар снег, температурите се спуштија до минус 19 степени е превземен од МАКФАКС.