Поради големото количество обилен снег, во подножјето на Торник на Златибор паднаа два далновода и неколку дрвени столба, па селата Стубло и Јабланица се без струја 30-ина часа, пренесуваат медиумите во регионот.
Според „Нова.рс“, екипите задолжени за санирање на дефектот денеска излегле на терен. Врз основа на процената на моментната состојба, имајќи ги предвид количината снег и паднатите дрвја што ја предизвикаа несреќата, струја и во текот на овој ден нема да добијат две златиборски села.
Големото количество снег натежнал над боровите стебла, кои од тежината се откорнале, па десетици од нив паднале на струјните кабли. Во овој дел на Златибор моментно има густа магла, а снегот е висок 60-ина сантиметри, јавуваат тамошните медиуми.
Текстот Снегот парализира села кај Златибор: урнати далноводи, жителите 30 часа без струја е превземен од МАКФАКС.