Илјадници ожалостени се собраа денеска на погребната служба на најистакнатиот руски критичар на Путин, Алексеј Навални во Москва. Се слушаше како извикуваа: „Навални, Навални! кога погребната кола со неговиот ковчег пристигна во црквата Quench My Sorrows во областа Марино.
Многу луѓе положија букети со цвеќиња, а некои се придружија во скандирањата – „Русија ќе биде слободна“, „Не за војна“, „Русија без Путин“, „Нема да простиме“ и „Путин е убиец“, објави Ројтерс, пренесе Гардијан.
Анатолиј Навални и Људмила Навални, родителите на Алексеј, присуствуваа на богослужбата, но неговата вдовица Јулија, неговиот син Захар и ќерката Даш не присуствуваа бидејќи живеат надвор од Русија заради нивната безбедност. Мајката на Навални била видена како ѝ приоѓаат ожалостени и поддржувачи кои ја прегрнале и рекле „благодарам“ додека ја напуштала црквата со нејзиниот сопруг.
„Не знам како да живеам без тебе“, рече Јулија Навални во прошталната порака објавена на „X“ до нејзиниот сопруг Алексеј. Таа му се заблагодари за „26 години апсолутна среќа“ и објави видео од клипови кои ги прикажуваат заедно.
Лёша, спасибо тебе за 26 лет абсолютного счастья. Да, даже за три последних года счастья. За любовь, за то, что всегда поддерживал, за то, что смешил даже из тюрьмы, за то что ты обо мне всегда думал.
Я не знаю, как жить без тебя, но я постараюсь так, чтобы ты там, наверху,… pic.twitter.com/ybF31AuD47
— Yulia Navalnaya (@yulia_navalnaya) March 1, 2024
Повеќе од четвртина милион луѓе го гледаа збогувањето со Навални на неговиот канал на Јутјуб, кој е блокиран во Русија. Според Ројтерс, државните медиуми малку покривале за погребот.
Кремљ соопшти дека сите неодобрени собири за поддршка на Навални ќе го прекршат законот. Во разговор со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да даде каква било оценка за Навални како политичка личност и рече дека нема што да му каже на семејството на Навални.
На погребната служба на Навални беа присутни и западни дипломати, вклучително и амбасадори од САД, Германија и Франција. Цвеќе, свеќи и слики беа положени во спомен на Навални и во градовите надвор од Русија, како што се Берлин, Минхен, Амстердам, Лондон и Тбилиси.
Шефот на британската дипломатија, Дејвид Камерон, рече дека „светот гледаше“ денес
Поранешниот премиер на Обединетото Кралство и актуелен министер за надворешни работи, на „X“, рече: „Путин се обиде да го замолчи Алексеј Навални. Но, светот гледаше“.
Putin tried to silence Alexei Navalny. But the world was watching.
On the day of his funeral, we remember his spirit of defiance in the face of brutality from the Russian regime, and his courage in standing up to corruption.
We must continue to hold Russia to account.
— David Cameron (@David_Cameron) March 1, 2024
Според ОВД-Инфо, независна руска група за одбрана на човековите права, руските власти денеска приведоа повеќемина ожалостени по Алексеј Навални.
Во последните денови, полицијата уапси стотици луѓе кои положија цвеќе во спомен на Навални на локации низ целата земја.
По погребот, полицијата започна акција за апсење на сите кои извикуваа спорни пароли и според првичните извештаи, низ цела Русија приведени се најмалку 45 лица.
Видеата и сликите објавени на интернет од групата покажаа дека руските власти ги приведуваат ожалостените низ повеќе градови, вклучувајќи ги Москва и Новосибирск:
Navalny mourners detained in Moscow. Via PLUSHEV pic.twitter.com/N7OncXkFSJ
— OVD-Info English (@ovdinfo_en) March 1, 2024
6 mourners detained in Novosibirsk. Via sibirmedia telegram pic.twitter.com/OwJdbKiWgW
— OVD-Info English (@ovdinfo_en) March 1, 2024
18 mourners detained in Novosibirsk. Via Varlamov pic.twitter.com/JsDNDUjU0F
— OVD-Info English (@ovdinfo_en) March 1, 2024
Европска унија: „Верувањата на Алексеј Навални нема да исчезнат“
Европската унија, исто така, изрази сочувство до семејството на Алексеј Навални по ненадејната смрт на рускиот опозициски лидер во руската казнена колонија.
„ЕУ изразува сочувство до семејството и пријателите на Алексеј Навални. Амбасадорот на ЕУ и другите дипломати оддаваат почит. Верувањата на Навални нема да исчезнат – идеите не можат да се измачуваат, трујат или убиваат. Тој останува инспирација за многумина во Русија и пошироко“, наведе на Икс високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
EU expresses its condolences to Alexei #Navalny’s family & friends as he is laid to rest. EU Ambassador & other diplomats are paying respects. Navalny’s beliefs will not disappear-ideas cannot be tortured, poisoned or killed. He remains an inspiration for many in Russia & beyond.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) March 1, 2024
Американската амбасада во Русија објави соопштение за погребната поворка на Алексеј Навални, нарекувајќи го починатиот опозициски лидер „светол пример за тоа што може и треба да биде Русија“.
„Неговата смрт е трагичен потсетник за тоа што Кремљ ќе ја направи за да ги замолчи своите критичари. Нашите срца се со неговото семејство, пријателите, поддржувачите и сите оние што ги инспирираше да работат за посветла иднина“, велат од амбасадата.
Alexey Navalny remains a shining example of what Russia could & should be. His death is a tragic reminder of the lengths the Kremlin will go to silence its critics. Our hearts go out to his family, friends, supporters, & all those he has inspired to work for a brighter future. pic.twitter.com/uPZlEEyJNN
— Посольство США в РФ/ U.S. Embassy Russia (@USEmbRu) March 1, 2024
Во Москва, толпи поддржувачи фрлаа цвеќиња на погребната кола на Навални додека таа се движеше кон гробиштата, според видеата објавени на социјалните мрежи.
Muscovites are applauding and throwing flowers at the hearse as it drives to the cemetery. https://t.co/WaYBffnJJL
— Nataliya Vasilyeva (@Nat_Vasilyeva) March 1, 2024
Погребот на Алексеј Навални ја собра руската опозиција во најголем број во изминатите три години, поточно од јануари 2021 година, кога Навални беше затворен.
Подготви: Ј. Ѓ.