Најдобриот судиски пар во светот Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија првата задача на Европското првенство. Тие утре во рамки на 2. коло ќе му судат на домаќинот Словачка.
На средбата што се игра во Братислава во рамки на Групата Ф тие ќе го судат натпреварот меѓу Словачка и Литванија.
Што се однесува до средбата меѓу Македонија и Црна Гора, за овој дуел се делегирани Миндаугас Гателис и Ваидас Мазејка од Литванија.