Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што се случил на 21 септември во семејниот двор на улицата „Славејко Арсов“.

Според истрагата, осомничениот на висок тон барал пари од своите родители. Неговиот татко, вознемирен, го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со навреди и грубости, по што и физички ја нападнал – се обидел да ѝ го земе телефонот, ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.

Исплашена за својот живот, жената успеала да се тргне на страна, додека синот продолжил да уништува предмети и саксии низ дворот. Таа задобила телесни повреди, а Обвинителството побара притвор, поради ризик од бегство и загрозување на жртвата, со која и понатаму живее во иста заедница.

Текстот Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор е превземен од МАКФАКС.