Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, смета дека клупските челници не го направиле најдобриот потег со одлуката да го назначи Рубен Аморим за нов тренер.

Раководството на Јунајтед го договори доаѓањето на Аморим и овој 39-годишен португалски стручњак ќе ги преземе „црвените ѓаволи“ по репрезентативната пауза.

Аморим ќе го наследи Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен на почетокот на оваа недела откако клубот загуби со 2:1 од Вест Хем во неделата.

„Па, подобро еше да го донесат Тухел. Мислам дека Томас Тухел би бил вистинскиот тренер за Манчестер јунајтед, но сега е готово, тој е на клупата на Англија. Тухел е некој кој може да води елитен фудбалски клуб и да победува на големи натпревари. Тој веќе го покажа тоа“, изјави Сколс.

„Очигледно Аморим има харизма, но тој доаѓа од лига која е малку посилна од холандската. Ние не гледаме многу португалски фудбал во Англија, така што не знаеме премногу. Ги гледаме малку во Лигата на шампионите. Се што слушаме за него е добро, возбудлив фудбал, тројца во последната линија и посед, нешто што Јунајтед навистина не го прави. Ако успее да го примени тоа, би можело да биде возбудливо“, рече Сколс.

Текстот Скола: Јунајтед требаше да го донесат Тухел, не Аморим е превземен од МАКФАКС.