Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто оцени дека „дефинитивно ќе биде корисно“ за Украина да го откаже указот на претседателот Володимир Зеленски за забрана на преговорите со Русија.
„Мислам дека секако би било корисно доколку Украина го укине законот кој им забранува на украинските лидери да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин. Тоа би било од голема корист“, изјави Сијарто за РИА Новости.
Одговарајќи на прашање за одржувањето на изборите во Украина, шефот на унгарската дипломатија истакна дека е сигурно во искушение да каже нешто за внатрешната политика во Украина, но, како што наведе, „коментирањето на внатрешната политика на другите земји е против неговата ДНК“, пренесува Танјуг.
„Да оставиме на Украинците да одлучат кога сакаат да изберат претседател“, нагласи Сијарто.
Тој исто така нагласи дека Будимпешта нашла решение за плаќање на рускиот гас, нафта и нуклеарно гориво.
„Што се однесува до Гаспромбанк, ние веќе најдовме решение со помош на нашите руски колеги, така што денеска имам одлична регионална соработка со Србите, Бугарите, Турците и руските колеги, иако ситуацијата беше навистина тешка, но ако сите сакате да најдете решение, мора да го направите тоа, и ние го направивме. Најдовме решение, тоа е технички проблем. Секогаш можеме да најдеме решение. Повеќе ме загрижува тоа што воопшто не се случуваат такви работи во меѓународната политика“, рече унгарскиот министер.
Сијарто оцени дека санкциите се разочарувачки чекор на поранешната американска администрација, истакнувајќи дека претходните американски власти знаеле дека некои од нивните сојузници ќе настрадаат.
Текстот Сијарто: Би било корисно ако Украина ја укине забраната за преговори со Путин е превземен од МАКФАКС.