Манчестер сити ја игра најлошата сезона во последната деценија, поради што клупските челници, заедно со тренерот Пеп Гвардиола, решија да направат целосен ремонт. Сити со ремонтот започна во јануари, кога се засили со четворица играчи, а според англиските медиуми веќе е познато кој играч ќе биде првото засилување во летниот преоден рок.

Станува збор за дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијазо, кого клубот од Манчестер се обиде да го доведе во јануари.

Овој 25-годишен дефанзивец е проценет на 60 милиони евра.

Менаџерот Пеп Гвардиола инсистира да го доведе бидејќи верува дека Италијанецот ќе успее да си го реши проблемот на левата страна.

Поради ова, раководството на клубот веќе подготви пари за обештетување и се очекува Камбијазо да биде првото засилување за „Граѓаните“ ова лето.

Текстот Сити подготвиле 60 милиони евра за Камбијазо е превземен од МАКФАКС.