Заврши првата фаза од елитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампиони. 24-те најдобри екипи борбата за трофејот во Лигата на шампионите ќе ја продолжат во нокаут фазата.
Пласман во осминафиналето изборија: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.
Последниот воз го фатија европските гиганти, ПСЖ и Манчестер Сити, но нема да им биде лесно во нокаут фазата. „Граѓаните“ и „светците“ заедно со Реал, Баерн, Јувентус, Бенфика… ќе мора да играат во плејофот за пласман во осминафиналето.
Иако веќе пишувавме за тоа, уште еднаш ќе ве потсетиме како функционира Лигата на шампионите откако ќе започне елиминациската фаза.
Ждрепката за плејофот ќе биде извршена во петок, во Нион. Таа ќе се изврши според „серпентин систем“, кој имавме можност да го видиме при извлекувањето на двојките во Конференциската лига, лигашкиот дел од третото по ранг клупско натпреварување под покровителство на УЕФА, беше комплетиран уште во декември, со оглед на тоа што имаше две кола помалку.
Поточно, во еден шешир ќе бидат деветтиот и десеттиот во поредокот, во вториот 23. и 24. по првата фаза, а потоа 11. и 12. ќе се вкрстат со 21. и 22. , па 13-ти и 14-ти со 19-ти и 20-ти и на крајот 15-ти и 16-ти со 17-ти и 18-ти на табелата. Можни се дуели на две француски и две италијански екипи во плејофот. Манчестер сити во плејофот ќе игра против Реал или Баерн Минхен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 11. и 12.февруари, реваншите се на 18. и 19.февруари.
Осминафиналето ќе се одигра на 4. март, а реваншите седум дена подоцна. Ждрепката за оваа фаза, исто така полудиригирана, ќе биде извршена на 21. февруари. Истиот ден ќе биде извршена и ждрепката за сите други фази, до полуфиналето.
Текстот Сити на „мускули“ влезе во плејофот тамо го чека Реал или Баерн е превземен од МАКФАКС.