Лионел Меси синоќа организираше забава во Париз по освојувањето на седмата Златна топка.
Аргентинецот реши да приреди повеќечасовна забава во еден париски ресторан веднаш откако се одржа церемонијата за избор на Златната топка, а беа поканети сите негови соиграчи од ПСЖ и нивните сопруги. Повеќето од нив беа таму, но Мауро Икарди и неговата Ванда Нара не беа забележани.
Според пишувањата на медиумите во Аргентина, не случајно Мауро и Ванда не дошле на забавата одржана недалеку од Ајфеловата кула. Тие наведуваат дека има приватна причина зошто одбиле да бидат во таа средина.
Сите останати играчи на ПСЖ беа таму и уживаа, а Мауро и Ванда останаа во својот дом во Париз и во мирна атмосфера ги следеа сите настани од претходната вечер.
Сепак, и покрај се, Мауро преку социјалните мрежи испрати честитка до Меси, а аргентинските новинари ја пренесуваат приказната зошто поранешниот напаѓач на Интер и неговата сопруга не дојдоа на овој настан.
Според нивните тврдења, на Меси во организацијата на целата забава му помогнале Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, соиграчи од клубот и од репрезентацијата, а Паредес извесно време не разговарал со Ванда и двајцата имаат несогласувања од претходно.
Меси знаеше за тоа, па не сакаше да реагира, а Мауро од неодамнешната кавга е во ситуација да слуша се што кажува Ванда, а овој пат таа беше против нивното присуство на забавата на Меси, која забележа уште еден голем успех на поранешниот фудбалер на Барселона.