Сите поголеми мобилни оператори престанаа да работат низ цела Шпанија, само четири недели по претходниот прекин на електричната енергија низ целата земја.

Ова ги вклучува водечките мрежи во земјата како што се „Мовистар“, „Оринџ“, „Водафон“, „Дигимобил“ и „О2“, пишува „Метро“.

Според веб-страницата на Downdetector, проблемите започнале околу 5 часот утрово.

Ова влијае на поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги и поголемите градови како Мадрид, Малага, Барселона, Валенсија, Мурсија, Севиља и Билбао.

Главните проблеми на кои се жалат луѓето вклучуваат целосно губење на сигналот, целосно блокирање на мрежата и проблеми со интернетот. Исто така, беа погодени и некои 112 линии за итни случаи.

Подрачјата на Баскија, Арагон и Валенсија беа исто така погодени.

Шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“ потврди дека работи на обновување на услугите откако телефонските и интернет врските беа прекинати. Во меѓувреме, телефонските линии за итни случаи се обновени во Арагон, но проблемите продолжуваат во другите делови од земјата. Според весникот „Ел Корео“, биле извршени некои „работи за подобрување на мрежата“ што влијаеле на „одредени услуги“.

Луѓето се жалат на социјалните мрежи за прекинот.

Пред четири недели, во Шпанија и Португалија се создаде паника и масовни купувања откако голем прекин на електричната енергија парализираше големи делови од двете земји. Околу 50 милиони луѓе беа погодени, метрото и возовите беа стопирани, а семафорите не работеа.

Телефонските услуги исто така беа во прекин, а банкоматите не работеа.

Текстот Сите мобилни оператори престанаа да работат: хаос во Шпанија, по прекинот на електричната енергија, повторно проблем е превземен од МАКФАКС.