Експлозија се случи утринава во хемиската фабрика Меламин д.д во центарот на Коцевје, град во јужна Словенија.
Според последните податоци на словенечките државни органи, повредени се повеќе од 20 лица, а едно лице се здобило со тешки изгореници.
Полицијата ги повика жителите наоколу да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор. Густ чад продолжува да лебди над градот, пишува N1 Словенија.
Според словенечката полиција, експлозијата се случила утрото во 8.35 часот.