Oд 16 часот се играат натпреварите од 30. коло во ПМФЛ. Дербито се игра во Кратово, каде Силекс ќе го предизвика Шкупи. Во случај на триумф тогаш кратовци и тоа како ќе го загрозат тоа трето место на чаирчани, место кое води во Европа. Секако дека тоа ќе биде жестока битка, а Силекс има што да каже на овој меч.

Брегалница ја дочекува Струга ТЛ, лидерот мора до победа, мора до трите бода ако сака порелаксирано да ги дочека со +5 бода последните три кола. Во спротивно тогаш и Шкендија ќе се прашува за титулата.

Скопје гостува во Прилеп кај Победа. Ова е дерби на дното, ова е меч во кој “пиратите“ влегуваат како огромни фаворити. Во случај на пораз прилепчани и официјално се второлигаши. Тиквеш и Работнички ќе играат за престиж. Вчера Шкендијасо 3:1 славеше против Македонија ЃП. /Sportmedia.mk/

ДВОЈКИ ЗА 30. КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Силекс – Шкупи

Брегалница – Струга ТЛ

Тиквеш – Работнички

Победа – Скопје

А.Пандев (слободна)

ВЧЕРА:

Шкендија – Македонија ЃП 3:1