Светската здравствена организација објави дека избрала 25 експерти за повторно истражување на потеклото на коронавирусот, по претходниот тим кој беше во Кина, каде што вирусот првпат се појави на крајот на 2019 година. Меѓу предложените членови на новиот тим се холандскиот вирусолог Марион Копман и Теа Фишер од Данска, кои беа во тимот на СЗО што ја посети Кина во февруари. Тие неодамна коментираа дека истражувањето за потеклото на Ковид-19 е „запрено“, а кинеските власти сѐ уште одбиваат да дадат какви било податоци.