Експертите од Светската здравствена организација предупредија дека повторното давање на дополнителни дози на оригиналните вакцини против Ковид-19 не е добра стратегија против новите соеви и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од пренос на вирусот.
Стратегијата за вакцинација заснована на повторени дополнителни дози веројатно нема да биде соодветна или одржлива, се вели во соопштението објавено од Техничката советодавна група на СЗО за составот на вакцината против Ковид-19.
Потребни се и треба да се развијат вакцини против Ковид-19 кои имаат големо влијание за спречување на инфекција и пренесување, покрај превенцијата од тешки болести и смртни случаи, соопштија од советничката група.
Ова, наводно, ќе помогне да се намали преносот во заедницата и потребата од ригорозни и сеопфатни јавно-здравствени и социјални мерки.
Експертите, исто така, сугерираа дека производителите на вакцини треба да се стремат да создадат вакцини кои треба да предизвикаат имунолошки реакции кои се широки, силни и долготрајни за да се намали потребата за последователни дози.
Како што се развива вирусот и додека не станат достапни нови вакцини, можеби ќе биде неопходно да се ажурира составот на сегашните вакцини против Ковид-19, велат од групата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.