Светската здравствена организација потврди дека со вирусот на мајмунски сипаници, кои првично се регистрирани во Англија, досега заразени се 80 лица.
Случаите се регистрирани во вкупно 12 држави. Првиот случај е потврден во Англија на 7 мај, а во последните две недели е раширен и во останатите 12 земји.
Потврдени случаи на мајмунски сипаници има во Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Италија, Шведска, Канада, САД и Израел.
Мајмунските сипаници се сродни со големите сипаници, помалку се преносливи и помалку смртоносни. Главната разлика во симптомите е во тоа што мајмунските предизвикуваат отекување на лимфните јазли, а големите не.
Глодарите, вклучително и оние кои се чуваат како домашни миленици, и мајмун може да го носат вирусот и да им го пренесат на луѓето.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.