Видот Омикрон веројатно ќе се шири на меѓународно ниво, што би можело да претставува „многу висок“ глобален ризик, соопшти Светската здравствена организација.
„Омикрон има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата“, додаваат од СЗО.
„Вкупниот глобален ризик поврзан со омикрон, се оценува како многу висок“, додаде СЗО.
Првата препорака до земјите-членки на таа организација е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, наведувајќи дека наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.
„Постои загриженост за можноста омикрон да го избегне стекнатиот имунитет“, додаваат од Светската здравствена организација, истакнувајќи дека тогаш би постоела уште поголема веројатност за негово понатамошно ширење на глобално ниво.