Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост дека богатите земји, стравувајќи од новиот вид на коронавирус – омикрон, би можеле да ја зголемат акумулацијата на дозите на вакцини и со тоа повторно да ги намалат глобалните резерви. По состанокот на членовите на експертското тело за вакцинација на СЗО, агенцијата на ОН повторно ги советуваше владите да не даваат масовно таканаречени „бустер“ дози на вакцини, туку да ги испраќаат во сиромашните земји во кои главно недостасуваат.

Шефот на Одделот за имунизација, вакцини и биолошки препарати на СЗО, Кејт О’Брајан, изјави дека од појавата на новиот сој омикрон, постои ризик повеќето вакцини повторно да завршат во богатите земји. „Тоа нема да даде резултати. Нема да даде резултати ниту од епидемиолошка перспектива, ниту од перспектива на преносот на вирусот, ако вакцините не пристигнат во сите земји“, рече О’Брајан.

Прикажи повеќе