Светската здравствена организација (СЗО) синоќа издаде привремени препораки за употреба на вакцините против Ковид-19 од различни производители како втора или засилувачка доза.
Во зависност од достапноста, вакцините со mRNA, како што се оние на Фајзер и Модерна, може да се користат како дополнителна доза по почетната доза на векторската вакцина АстраЗенека и обратно, соопшти оваа глобално здравствено тело.
АстраЗенека и која било од mRNA вакцините може да се користат и по првичната доза на инактивираната вакцина на Синофарм, соопшти СЗО.
Вакцините со вирусен вектор содржат инструкции за генерирање на антигени на коронавирусот, додека вакцините со mRNA користат код од SARS-CoV-2, коронавирусот што предизвикува Ковид-19, за да предизвика имунолошки одговор кај примателот.
Вирусот САРС-КоВ-2 се користи за инактивираните вакцини, што се умртвуваат или убиваат со хемикалии, топлина или зрачење.
Насоките беа усвоени врз основа на советите на Стратешката советодавна група на СЗО за експерти за вакцини претходно овој месец.
Препораката доаѓа откако една голема студија минатата недела покажа дека првата доза на АстраЗенека или Фајзер/ БиоНТек втората доза на Модерна девет недели подоцна создаваат подобар имунолошки одговор.
Меѓутоа, СЗО соопшти дека мешањето треба да ги земе предвид достапноста и придобивките и ризиците од користењето на вакцината против Ковид-19.
Препораките ќе бидат разгледани кога ќе станат достапни повеќе податоци, соопшти СЗО.
Многу земји веќе почнаа да мешаат вакцини бидејќи се соочија со зголемен број случаи на Ковид-19, ниски нивоа на резерви и бавна имунизација
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.