Северна Кореја истрела недефинирана балистичка ракета, соопшти денеска јужнокорејската војска, пренесе ДПА.
Северна Кореја ја лансираше ракетата кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирана од Генералштабот во Сеул .
ДПА потсетува дека со резолуции на ОН на Северна Кореја и е забрането да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тоа, во случајот на оваа земја, вобичаено се ракетите земја-земја, што можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава.
Во последните неколку месеци повторно дојде до зголемување на тензиите на Корејскиот полуостров, потсетува ДПА.