Јошко Гвардиол се сели од Лајпциг во Манчестер Сити. По долги преговори се беше договорено и трансферот е прашање практично на часови.
Со овој трансфер неминовно се поврзува реченицата дека Гвардиол станува „најскапиот дефанзивец во историјата“. Cепак, тоа нема да биде случај.
Сити договори отштета од 78 милиони фунти за Гвардиол со Лајпциг. Така, тој нема да стане најскапиот дефанзивец во историјата. Споменатата сума е за 2 милиони фунти помала од онаа што Манчестер Јунајтед ја плати за Хари Мегваер пред 2019 година.