Семејството на Новак Ѓоковиќ се вклучи во борбата за негово ослободување! По прес-конференцијата што ја слушна целиот свет, на која беа изнесени шокантни детали за малтретирањето на Новак во Австралија и нехуманите услови во кои се наоѓа, следеше митинг на поддршка пред Собранието на Србија, на кој се собраа стотици поддржувачи на Новак.
Собирот е најавен за денеска, на Божиќ во истиот термин од 15.00 часот пред Собранието на Србија.
Семејството Ѓоковиќ достави соопштение по повод новиот собир. Соопштението го пренесуваме во целост:
Семејството на Новак Ѓоковиќ ги поканува сите верни фанови и оние кои го поддржуваат најдобриот тенисер во светот во деликатната ситуација во која се најде пред првиот Грен слем турнир во сезоната – Австралија Опен, денеска да се соберат пред градското собрание на Божиќ во 15 часот. Најголемиот христијански празник е можност уште повеќе да се почувствува важноста на заедништвото, а сликата за големата поддршка што ја има најдобриот тенисер во светот во својата земја оди од Белград во светот.
Среќен Божиќ!
Семејството Ѓоковиќ.