Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно дете. Според досега достапни информации, случајот бил пријавен во попладневните часови, а во акцијата интервенирале и специјални полициски единици.

Според неофицијални извори, маж вооружен со огнено оружје во својот дом отворил оган врз членови на неговото потесно семејство. Напаѓачот прво ги застрелал својот внук и неговиот малолетен син, а по нападот наводно, сам си го одзел животот. Сè уште не се потврдени точните релации меѓу учесниците.

Од Министерството за внатрешни работи за сега не излегуваат со официјални детали за мотивите и текот на инцидентот, но потврдуваат дека полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и дека е отворена истрага.

Очевидци велат дека ситуацијата била напната, а според првични информации, напаѓачот наводно користел и експлозивна направа, при што биле загрозени и други членови на семејството. Специјалните единици реагирале по дојава, а случајот завршил со смртта на напаѓачот кој си го одзел животот.

Текстот Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам е превземен од МАКФАКС.