Објавени се номинациите за 82. доделување на наградите Златен глобус што ќе се одржи на 5 јануари. Филмот Емилија Перез води во номинациите. Крими комедијата, во режија на Жак Аудиар, доби десет номинации.
Во филмот играат Селена Гомез, Зое Салдања, Карла Софија Гаскон, Едгар Рамирез и други. Селена Гомез е номинирана за најдобра споредна женска улога во филм и најдобра главна женска улога во серијата Only Murders in the Building.
Таа се огласи преку Инстаграм за номинациите и не криеше колку е среќна за филмот Емилија Перез и нејзините колешки кои исто така беа номинирани. Карла Софија Гаскон е номинирана за најдобра актерка во филм, а Зое Салдања е во конкуренција со Селена за најдобра споредна женска улога. Номинација доби и режисерот Жак Аудиар.
„Честитки за моите од филмот Емилија Перез. Зое Салдања, да!!!” напиша таа на својата приказна на Инстаграм. На следната приказна, таа објави видео како го гледа преносот на номинациите. „О Боже мој“, извика додека ја држеше раката над устата. За малку ќе заплачеше од среќа.
„Не знам ни што да напишам. Толку сум горда на Зои Салдања и благодарна сум за номинацијата, чест ми е“, додаде таа. Селена објави и колку е горда на номинациите кои ги доби серијата Only Murders in the Building.
Текстот Селена Гомез проговори по номинациите за Златен глобус, за малку ќе заплачеше е превземен од МАКФАКС.