Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што можат да доведат до рак.

Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремата за сончање со фактор за заштита од сонце, или SPF, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.

Носењето SPF е важно за заштита на вашата кожа од штетните UV зраци. Изложеноста на UV зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.

Во некои случаи, изложеноста на UV зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.

Кога купувате крема за сончање, секогаш треба да купите таква што го има симболот UVA или UVB. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.

Кремите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.

Што е SPF?
SPF е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.

Што се UVA зраци?
UVA зраците се штетни зраци кои имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – можат да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.

Познато е дека UVA зраците продираат подлабоко во кожата од UVB зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се различни форми на рак на кожата. Тие исто така можат значително да придонесат за процесот на стареење со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.

Што се UVB зраци?
UVB зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како UVA зраците, тие се подеднакво штетни. UVB зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.

Важно е да се напомене дека перцепираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крема за сончање со низок SPF може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на UVA заштита.

Сепак, ова не е толку точно како кремите за сончање кои имаат наведени и UVA и UVB фактори за заштита.

Текстот Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол е превземен од МАКФАКС.