Најмалку седум лица загинале во руското гранатирање на Покровск на истокот на Украина, а 67 се ранети, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм напиша дека два проектили погодиле станбена зграда во овој град од областа Доњецк.
„Имаше два ракетни напади. Погодена е обична станбена зграда. Мораме да го запреме рускиот терор. Русија ќе одговара за се што направи во оваа страшна војна“, рече Зеленски.
Меѓу загинатите е и висок службеник за итни случаи на регионот Доњецк, изјави Клименко, според кој во првиот напад загинале четворица цивили, додека во вториот напад загинал еден службеник за итни случаи.