Северна Кореја денеска го карактеризира предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп – САД да го окупираат Појасот Газа – како празна закана.

Овој предлог ги уништи надежите на Палестинците за постигнување мир, наведе Корејската централна новинска агенција, пренесува „Ројтерс“.

Трамп изјави дека САД имаат намера да го преселат населението во Газа и да ја претворат областа во ривиера на Блискиот Исток.

Пјонгјанг ги критикува и најавите од Вашингтон за заземање на Панамскиот Канал и на Гренланд и одлуката на Трамп да го преименува Мексиканскиот Залив во Американски Залив.

Беше речено дека САД треба веднаш да престанат да ги нарушуваат достоинството и суверенитетот на другите земји и народи, според „Ројтерс“.

Текстот Северна Кореја: Предлогот на Трамп – САД да го окупираат Појасот Газа – е празна закана е превземен од МАКФАКС.