Мал авион што превезувал пациент се урна недалеку од главниот град на Чиле, соопштија локалните власти.
Во авионот од типот „пајпер“ имало шест лица.
Контактот со авионот бил изгубен на 40 километри западно од главниот град Сантијаго, додека превезувал пациент до северната граница на Чиле.
Покрената е потрага во која учествуваат екипи на воздухопловните сили, полицијата и противпожарната бригада.
Авионот паднал на непристапен терен, на голема височина.
Текстот Се трга по авион кој се урна во Чиле е превземен од МАКФАКС.