Препознатливото лице на насмеано момче го красеше чоколадното пакување Киндер од 2004 до 2019 година, а многумина се прашуваа кое е всушност момчето. Извесен период се шпекулираше дека станува збор за англискиот модел Џош Бејтсон, но манекенот Матео Фарнети од Болоња ја разреши мистеријата кога беше објавено интервју со него во италијанскиот медиум Corriere della Sera.

„Јас сум детето од амбалажата на популарната детска чоколада!“, изјави 31-годишниот модел Матео, откривајќи дека тој бил лицето на пакувањето во тој период.

Неговото тврдење го потврди и Фереро, а Матео објасни дека со години морал да ја крие вистината поради договорот со Фереро.

„Поради договорот со Фереро не можев да давам интервјуа“, објасни тој и додаде дека решил да стави крај на гласините бидејќи со текот на годините се појавувале различни модели кои тврделе дека тие се заштитно лице на амбалажата.

„Решив да ставам крај. Не е пријатно кога гледаш како другите ја покажуваат твојата слика и тврдат дека тоа се тие“, објасни тој. Сепак, тој откри дека со задоволство се сеќава на своето време како заштитно лице на чоколадото.

„На училиште, на ручек, моите пријатели извадија чоколадо и ме прашаа: „Мати, тоа ли си?“, се присетува Матео, кој денес работи како модел и студира спортски менаџмент, а неговите објави го привлекуваат вниманието на женските следбеници.

Текстот Се сеќавате на момчето од чоколадо Киндер: можеби ќе ве изненади како изгледа сега е превземен од МАКФАКС.