Австриската министерка за животна средина изјави дека тешките преговори на Конференцијата на ОН за климата во Глазгов можат да бидат продолжени за една или две ноќи по официјалниот закажан крај на состанокот денеска.
Advertisements
„Имаме два поинтензивни дена и веројатно барем една интензивна ноќ, а можеби и две интензивни ноќи пред нас“, изјави Леоноре Гевеслер.
Преговарачите од речиси 200 земји се обидуваат да постигнат низа договори за кои се надеваат дека ќе дадат шанса да се исполнат целите за глобалното затоплување поставени на конференцијата во Париз во 2015 година.
„Сега сме во фаза на конференција, каде што многу документи се веќе на маса како предлози, со многу различни опции кои сè уште треба целосно да се усогласат“, рече Гевеслер.