Поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој ги размени дресовите со Марадона во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година. Тогаш, Аргентина ја освои етапата на Ацтеките во Мексико, благодарение на двата гола на Марадона, од кои едниот е познат како „Божја рака“.
Хоџ реши да го продаде тој дрес, а проценетата вредност е околу 4 милиони фунти.
Best shirt swap of all time?
Steve Hodge collecting Diego #Maradona’s shirt in the Azteca Stadium on 22nd June 1986.
At auction it might go for more than most players earned in their careers in that era.
Football’s equivalent to the Shroud of Turin.
Just how much is it worth? pic.twitter.com/DBxfjHt9dZ
— Chris Hull (@mrchrishull) November 28, 2020
Токму Стив беше играчот на англиската репрезентација, кој случајно ја упати топката кон Марадона на добро познатиот натпревар. А во интервју за ФИФА ја коментираше средбата со Марадона.
– Мислев дека нема да се вратам овде, па сакав да земам дрес. Му подадов рака. Веднаш беше прегрнат од соиграчите. Го погледнав во очи и му покажав да размениме дресови и тој веднаш пријде и размени со мене, беше толку едноставно – вели Хоџ.
Од тој момент, тој постојано добиваше понуди за тој дрес, а Стив конечно реши да го продаде.
– Јас сум горд сопственик на овој дрес повеќе од 35 години. Тој има длабоко значење во фудбалскиот свет и новиот сопственик ќе биде многу горд на овој дрес – изјави Хоџ.