реклама

Не постои страв или пречка која мајката не може да ја надмине за своето дете. А токму тоа го покажува и видеото од една старица (80) која решила да се качи во авион и да замине во Америка кај своите деца.

Снимка од 80-годишна баба од Србија расплака многу луѓе на интернет кога се појави на каналот на YouTube „Call of the Mountain“. Во 13 секунди од видеото, без зборови и без многу објаснување, сјајот и среќата во очите на оваа старица уште еднаш докажа дека нема посилна љубов од мајчината.

реклама

„Кога љубовта и копнежот на мајката за своите деца ќе го надминат стравот“, стои во описот на видеото на YouTube.

Како што е објаснето, станува збор за мајка од Србија, која на 80 години за прв пат во животот решила да го надмине стравот и да се качи во авион. Секако, за тоа имала посебна причина – да ги гледа и гушне своите деца.

реклама

Како што снимил авторот на видеото, бабата три пати се прекрстила пред да се качи во авионот и со насмевка влегла во него. А потоа, кога седна на своето место, со нетрпение ја очекуваше својата крајна дестинација.

Со оглед на тоа дека се гледа дека е Wizzair, тешко дека авионот ќе ја однесе бабата во САД, веројатно се работи за трансфер, но гледачите тоа веројатно не го ни забележале пред асоцијациите што ги буди ова видео.

реклама