Натпреварот меѓу Охрид и Вардар заврши без погодоци, но имаше и еден голем инцидент на трибините на стадионот во Охрид. Поради инцидентот и дивеењето на приврзаниците на Вардар, од СВР Охрид потврдија дека отворија истрага.
„За време на одржување на фудбалскиот натпревар на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, поголема група навивачи го наруши јавниот ред и мир со оштетување и уништување на инвентарот на стадионот како и со предизвикување насилство, палење и фрлање на пиротехнички средства. По интервенција на полициските службеници, спречен е обидот за насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, пронајдени и одземени се петарди, факли и други пиротехнички средства“, информираа од СВР Охрид.
Поради нарушување на јавниот ред и мир, како и кршење на инвентарот од страна на „Комити“ реагираше полицијата, но за среќа се избегна посериозен инцидент. (Фото: Гол.мк)