Во англиската јавност веќе на големо се пишува за можен отказ на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед.

Дејли Стар“ денес пренесува дека во Манчестер Јунајтед веќе избрале човек кој би можел да го налседи, во прашање е Антонио Конте. Конте е еден од најдобрите слободни тренери во светот и е познат како човек кој знае да воведе ред и дисцпилина.

Италијанецот во Премиер лигата веќе работеше во Челзи со кој стигна до титулата и го освои ФА Купот, па не би имал проблем со адатпатцијата на англискиот фудбал.