Данела Арсовска нема храброст да ги соочи аргументите со Петре Шилегов и повторно избега од дебата на телевизија. Ова потсетува на едни темни времиња кога дебатите ги немаше во медиумскиот простор благодарение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од што се плаши Арсовска?

Дали од фактот што нема никаква понуда и свесна е дека не може да се натпреварува или пак по диктат на нејзината партија таа бега од дебата? Ова ли е модерно Скопје во кое не се дебатира и се уназадува демократијата? Или пак таа е само маска на ВМРО-ДПМНЕ и партијата одлучува каде и како ќе се појави?

Повеќе од јасно е дека Арсовска е само пион на Мицкоски и Илија Димовски кој ја советува во кампањата. Бегањето од предизборно соочување потсетува на режимот и тоа скопјани силно ќе го казнат. Јасно е дека Арсовска не е ниту независна а уште помалку може да донесе некаква промена. Нејзините недемократски одлуки да се скрие од јавноста сè уште една потврда за скопјани дека со Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нема напредок.

Скопје е лулка на демократијата и симбол на отпорот против режимот. Скопје ги препознава истите луѓе кои со исти недемократски методи сакаат да се вратат на власт. Затоа, Арсовска и менторот Мицкоски ќе бидат казнети на следните избори.