Министерот за здравство, Беким Сали на социјалните мрежи објави дека попадот на електричната енергија на клиниката во Скопје се преземени сите мерки.
Ја информираме јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.