Ферари ја потврди добрата форма со пол-позцијата на Карлос Саинц за трката на Големата награда на Мексико. Шпанецот добинира во третата квалификациска сесија, до првото место пред трката дојде со време 1:15.946 минути.
Саинц во својот болид делуваше исклучително добро, никој не можеше да го следи неговиот ритам. Тој беше побрз од Макс Ферстапен за речиси три десетнки.
Трката во Мексико од втроито стартен ред ќе ја започнат пилотите на Мекларен и Ферари, Ландо Норис и Шарл Леклер. Третиот ред го освоија возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.
Во првите десет на стартот ќе бидат и Кевин Магнусен (Хас), Пјер Гасли (Алпин-, Алекс Албон (Вилијам) и Нико Хулкенберг (Хас).
Разочарувачки квалификации имаа Оскар Пјастри од Мекларен и домашниот милени Серхио Перез (Ред Бул). Пјастри ќе стартува од 17., а Мексиканецот оод 18.место.
Трката за Големата награда на Мексико ќе започне во 21 часот по македонско време.
Текстот Саинц пред Макс и Норис на пол-позицијата во Мексико, разочараа Пјастри и Чеко Перез е превземен од МАКФАКС.