Учеството на меѓународниот музички натпревар Интервизија во Русија го потврдија и САД, покрај 20 други земји од светот. САД ќе го испратат пејачот Брендон Хауард на натпреварот, кој ќе се одржи во Москва на 20 септември.
Постојат шпекулации дека Хауард е син на Мајкл Џексон иако нема докази што ги поткрепуваат овие тврдења.
Меѓу учесниците се Белорусија, Киргистан, Венецуела, Куба, Катар и Казахстан.
Русија ќе ја претставува поп-пејачот Шаман, кој беше санкциониран од ЕУ поради учество на концерти организирани од Кремљ.
Интервизија, алтернативата на Евровизија од советската ера, се одржуваше од 1965 до 1968 година и од 1977 до 1980 година во Чехословачка и во Полска.
Откако на Русија ѝ беше забрането учество на Евровизија 2022 поради војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин повторно ја иницира организацијата на Интервизија.
Текстот САД го потврдија своето учество на таканаречената руска евровизија, познато и кој пејач ќе ги претставува е превземен од МАКФАКС.