САД ги прегледуваат сите носители на американски визи за да утврдат дали ги прекршиле условите за влез или престој во земјата, јавуваат американските медиуми. Портпарол на Стејт департментот изјави за Асошиејтед Прес дека повеќе од 55 милиони луѓе со американски визи ќе бидат предмет на „континуиран преглед“.
Визите ќе бидат поништени, а оние во САД ќе се соочат со депортација доколку има докази за „пречекорување на дозволениот престој, криминална активност, закани за јавната безбедност, учество во каква било форма на терористичка активност или давање поддршка на терористичка организација“, рече функционерот.
Претседателот Доналд Трамп ја направи борбата против имиграцијата централен дел од својата втора администрација, од масовни депортации и целосни забрани за патување во некои земји до одземање на 6.000 студентски визи.
Идните студенти и посетителите на САД ќе бидат проверувани на социјалните медиуми, а службениците ќе бараат „какви било индикации за непријателство кон луѓето, културата, владата, институциите или фундаменталните принципи на Соединетите Американски Држави“.
Службениците на Стејт департментот добија инструкции да ги забележат лицата „кои се залагаат за, помагаат или поддржуваат странски терористи и други закани за националната безбедност или оние кои се вклучуваат во антисемитско вознемирување или насилство“.
Најновото соопштение доаѓа откако државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД „веднаш“ ќе ги суспендираат работните визи за возачите на камиони.
Effective immediately we are pausing all issuance of worker visas for commercial truck drivers.
The increasing number of foreign drivers operating large tractor-trailer trucks on U.S. roads is endangering American lives and undercutting the livelihoods of American truckers.
— Secretary Marco Rubio (@SecRubio) August 21, 2025
„Сè повеќе странски возачи на големи камиони со приколки на американските патишта ги загрозуваат американските животи и ја поткопуваат егзистенцијата на американските возачи на камиони“, објави Рубио вчера на Икс.
фото: принтскрин
Текстот САД ги проверуваат сите носители на американски визи е превземен од МАКФАКС.