Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. По голема борба, најдобрата светска тенисерка ја елиминираше Анастасија Пављученкова во три сета (2:1). По еден час и 53 минути игра резултатот беше 6:2, 2:6, 6:3.

Актуелната шампионка многу потешко од очекуваното успеа да се пласира во следната рунда, особено што мечот го отвори со доминантен прв сет во кој два пати и го одзеде сервисот на противничата.

Русинката одговри во вториот сет. Направи два брејка поведе 1:4, потоа си разменија по брејк, на крајот Пављученкова ја заврши работата.

Вистинската драма се спаси за третиот сет, кој беше отворен со четири последователни сервис-гема во кои тенисерките не успеаја да го одбраната севисот. Пављученкова двапати имаше предност и двата пати ја испушти.

Сабаленка успеа да ги издржи нападите на противничката и потоа во клучниот, осми гем од третиот сет, уште еднаш направи брејк со што го реши прашањето околу пласманот во полуфиналето.

Таа во следното коло ќе се соочи со Пола Бадоса која во два сета (7:5, 6:4) ја совлада Коко Гоф.

Текстот Сабаленка го доби трилерот против Пављученкова е превземен од МАКФАКС.