Генералниот секретар на НАТО Марк Руте го прекори украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите критики на германскиот канцелар Олаф Шолц, нарекувајќи ги „неоправдани“.
Зеленски го критикуваше Шолц за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Тој, исто така, постојано јавно изразува неразбирање за одбивањето на канцеларот да испорача крстосувачки ракети Таурус.
Генералниот секретар на НАТО нагласи дека германската поддршка за Украина е без преседан и е втора по САД по обем и затоа Киев „треба да му биде благодарен на Шолц“.
Истовремено, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан, го повика идниот американски претседател Доналд Трамп да продолжи со воената поддршка за Украина.
Според Саливан, за да се постигне фер договор меѓу Русија и Украина, потребни се „лостови на влијание“.
Текстот Руте го прекори Зеленски за неговата критика кон Шолц е превземен од МАКФАКС.