Предлогот на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за испраќање на замрзнатите девизни резерви на Русија во Украина е незаконски и ја поткопува довербата во Европа, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

Advertisements

„Ова е уништување на самиот темел на меѓународните односи, а овие одлуки, доколку се донесат, ќе се одразат на самите Европејци, на финансискиот систем и ќе ја нарушат довербата во Европа и на Западот воопшто, бидејќи тоа е целосно беззаконие или закон на џунглата“, рече Грушко.

Претходно денеска Жозеп Борел порача дека ЕУ треба да размисли за преземање на замрзнатите резерви на руската валута за да ги покрие трошоците за обнова на Украина по завршувањето на руската инвазија.

Прикажи повеќе