Најмалку три лица загинаа а 22 се повредени во ракетен напад врз зградата на регионалната управа во Миколаив, соопштија од службите за итни случаи на Украина.
„Спроведуваме спасувачка акција. Во моментов 8 цивили се затрупани под урнатините и работиме на нивно извлекување. Над 50 луѓе имаат различни повреди“, изјави Виталиј, Ким, градоначалник на Миколаив
Врховниот украински воен командант задолжен за одбрана на главниот град Киев вели дека украинските сили повторно го освоиле поголемиот дел од Ирпин, предградие на Киев.
„Борбата е речиси завршена. Ситуацијата во градот Ирпин е под контрола. Градот го контролираме ние, контролираме 90-95 % од градот“, рече Олександар Сирки, генерал полковник
Тој ги повика западните земји да продолжат да обезбедуваат воена опрема, вклучително и противтенковски ракети и системи за противвоздушна одбрана. Во меѓувреме, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди дека Русија ќе одговори доколку НАТО ја снабди Украина со авиони и системи за противвоздушна одбрана.
Додека илјадници жени и деца продолжуваат да бегаат од Украина. Обединетите Нации соопштија дека повеќе од 3,9 милиони луѓе, главно жени и деца, ја напуштиле Украина.
„Многу е страшно. Мајките немаат каде да одат. Никој не знае што да очекува. Многу сме им благодарни на сите волонтери и на сите земји кои не поддржуваат. Но, луѓето се шокирани. Секој ден започнува со телефонски повици до нашите роднини и пријатели да прашаме дали се уште се живи“, рече Јулија Хершун, бегалка
„Многу е тешко да се турка количка со дете, чанти на повреден грб. Многу е тешко, но немаме избор. Мораме да ги спасиме нашите деца“, рече Марија Виечнаја, бегалка
И покрај бомбардирањето, преостанатите земјоделци во Украина го користат времето за жетва. Од нив се бара да садат на сите достапни полиња.
„Оваа година бидејќи нашата земја е во војна, се обидуваме да засадиме повеќе зимска пченица за да можеме да го нахраниме народот, изјави Васил, земјоделец
„Зад борбениот фронт е кампањата за садење – што е вториот фронт. Фронтот за обезбедување на храна“, изјави Иван Килган, земјоделец
Украина и Русија сочинуваат една третина од светскиот извоз на жито и јачмен. Тие се исто така главни извозници на други житарки и масло од сончогледово семе што се користат за готвење и преработка на храна. /Алсат.мк
Шкелзен Аќифи