Стратешки авион Ил-76 се урна во рускиот регион Белгород. Инцидентот првично беше пријавен од руските Телеграм канали, а подоцна потврден од изворот на Укринформ во украинските вооружени сили.
Додека руските платформи објавија дека авионот превезувал 63 лица, изворот на агенцијата од Вооружените сили на Украина тврди дека авионот имал серија ракети земја-воздух С-300.
Токму овие проектили Русија ги лансираше во регионот Харкив и други области поблиску до границата.
Украинското воено воздухопловство сè уште не објавило коментар за извештаите за несреќата, само наведува дека допрва треба да се објави соопштение.
Како што беше објавено претходно, во изминатиот ден, руските агресорси гранатираа 20 населени места низ регионот Харкив, вклучувајќи го и градот Харкив, лансирајќи ракети С-300 од регионот Белгород.
Подготви: Д. Мишев