Руски ракети денеска го погодија подрачјето на аеродромот во Лaвив, украинскиот град во близина на границата со Полска, соопшти градоначалникот, Андриј Садовиј, на Фејсбук.
Тој додаде дека во нападот не била директно погодена зградата на аеродромот.
Медиумите претходно објавија дека над аеродромот се гледаат облаци чад.
Руските сили во неделата бомбардираа воена база за обука во околината на Лaвив, град кој од почетокот на судирите беше поштеден од судири.