Марија Тројанивска се вратила дома рано таа вечер кога руски дрон удрил во нејзината спална соба.

„Тој полета низ прозорецот, директно во нејзината соба“, изјави нејзината мајка Викторија за Би-Би-Си. По експлозијата, мајката на Марија и нејзиниот сопруг Володимир истрчале од соседната соба, а собата на нивната ќерка била во пламен.

„Се обидовме да го изгасиме, но сè гореше толку силно“, рече таа низ солзи. „Беше невозможно да се дише – моравме да заминеме“.

Рускиот дрон Шахед минатиот месец уби 14-годишно девојче во нејзиниот кревет во стан во предградието на Киев.

Веднаш почина, а потоа изгоре“, рекла нејзината мајка. „Моравме да ја закопаме во затворен ковчег. Таа немаше шанси да преживее.

Русија масовно ги зголемува нападите со беспилотни летала врз Украина. Повеќе од 2.000 од нив беа лансирани во октомври, според украинскиот Генералштаб, што е рекорден број во оваа војна.

Истиот извештај вели дека Русија истрелала 1.410 беспилотни летала во септември и 818 во август, во споредба со околу 1.100 во целиот тримесечен период пред тоа.

Со изборот на Доналд Трамп за втор мандат за претседател на САД, исцрпените и уморни од војна украинските сили се соочуваат со неизвесна поддршка од нивниот најголем воен донатор, пренесува медиумот.

Според написите, повеќето од руските беспилотни летала што паѓаат на Украина се „Шахед“ со пропелер дизајнирани од Иран, со карактеристичен облик на крилата и смртоносна боева глава.

Русија, исто така, почна да лансира лажни беспилотни летала, без никаков експлозив, за да ги збуни украинските единици за воздушна одбрана и да ги принуди да трошат муниција.

Во споредба со проектилите, тие се многу поевтини за изработка и полесни за гаѓање, анализираат медиумите.

Секоја вечер, Украинците одат на спиење со известувања на телефоните, додека дојдовните беспилотни летала летаат над земјата и свират сирени, пишува Би-Би-Си.

Од почетокот на ноември беспилотни летала ги погодија Киев, Харков, Одеса, Миколаев и Запорожје.

Во неделата, Русија лансираше 145 беспилотни летала во Украина, според претседателот Володимир Зеленски, што е најголем број во еден ден од почетокот на целосната инвазија.

Киев тој ден соопшти дека успеал да собори 62 беспилотни летала, а дека уште 67 биле „изгубени“ – што значи дека или биле соборени или исчезнале од екраните на радарот.

Текстот Руски дрон уби 14-годишно девојче од Украина додека спиело е превземен од МАКФАКС.